(Видео) Ирачката војска отвори оган кон демонстрантите: Две лица се повредени

Две лица се повредени во престрелка во „Зелената зона“ во Багдад, каде што протестираат приврзаниците на влијателниот шиитски политичар Муктада ал Садр, јави Sky News Arabiya.
Стотици приврзаници на влијателниот ирачки шиитски политичар Муктада ал Садр, по неговата најава за повлекување од политиката, упаднаа во „Зелената зона“ на Багдад. Демонстрантите упаднаа и во Републиканската палата, седиштето на ирачката влада, лоцирана во „Зелената зона“, каде што имаше судири меѓу нив и силите на редот.
Две лица се повредени за време на пукањето во „Зелената зона“ во Багдад, каде што приврзаниците на Ал Садр протестираат“, објави ТВ каналот, повикувајќи се на очевидци.
Засега не е јасно кој отворил оган врз демонстрантите. Извештаите во медиумите се различни. Според ТВ каналот Ал-Арабија, борците на шиитската милиција Ал Хашд аш-Шааби отвориле оган за да ги растераат демонстрантите.
Во понеделникот, Ал Садр, чии поддржувачи продолжуваат да протестираат во парламентот, рече дека конечно ја напушта политиката. Влијателен шиитски свештеник и политичар, исто така, навести дека тој може да биде убиен.
Ирачките власти најавија воведување полициски час низ целиот Багдад со цел да се запрат немирите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Големи протести во Истанбул!
Во Истанбул вечерва се одржува нов протест…
На барање на САД Ирак го запира…
Ирак денеска ќе го запре увозот на…
(Видео) Продолжуваат масовните протести во Србија
Десетици илјади студенти денеска протестираат во Крагуевац,…
Европската комисија бара извештаи за нападите на…
Обвинителството во Белград во изминативе неколку дена…
Ирак целосно ги затвори границите
Ирачката администрација соопшти дека границите на Ирак…