(Видео) Источна Македонија блокирана: Оризопроизводителите протестираат против лошите земјоделски политики на Владата!

t

Оризопроизводителите од источниот дел на Македонија денеска со земјоделска механизација го блокираат патниот правец Штип-Кочани поради, како што велат, лошата земјоделска политика на Владата.

Оризопроизводителите за “Инфомакс” велат дека преку 200 трактори практично го отсекуваат источниот дел на државата.

Ова не е прв протест на оризопроизводителите од овој регион. Тие и претходно укажаа дека дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците и побараа пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со претставници од Владата.

На 4.500 хектари се очекуваат 22.000 тони ориз, но годинава се појавила болест. Во услови кога цената на нивниот производ на  берзите расте, во земајава нема зголемување, велат тие.

Претходно оризопроизводителите заработија и пријава, бидејќи беа блокирани двете коловозни ленти на патот Штип-Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…

Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…

Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на…

Власта ги остави на цедило оризопроизводителите. Неспособноста…

(Видео) 70% од оризот останал неоткупен –…

Сите манипулираат, министерот дали знае што им…

(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…

Секој втор кочанчанец во текот на 2023…