(Видео) Кавадаречки хулигани нападнаа членови од управата на Вардар
Иако се чинеше дека се смирија страстите, на нешто повеќе од половина час по завршувањето дојде до уште еден напад на стадионот во Кавадарци.
Додека го напуштаа теренот, нападнати беа двајца членови на Управата на Вардар кон кои тргнаа навивачи на домашниот тим.
Во прв момент тие се одбранија, а потоа притрчаа и полицајци, но и членови на обезбедувањето. Ситуацијата се влоши кога од спротивната страна на стадионот дотрчаа триесетина припадници на навивачката група Лозари, но за среќа ситуацијата не ескалираше.
Интересно е тоа што иако тие беа нападнати, членовите на Управата на Вардар беа во полициска станица во Кавадарци.
Сега домаќинот Тиквеш го очекува голема казна и веројатно службена победа на Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Тони Лазов освои сребрен медал…
Актуелниот државен првак на Македонија во шах…
КАКО НА ФИЛМ: Македонец бегајќи од косовската…
Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција…
(Видео) Кавадаречки хулигани нападнаа членови од управата…
Иако се чинеше дека се смирија страстите,…
Лавров: Русија е подготвена за војна со…
Русија е целосно подготвена за конфликт со…
Силјановска-Давкова од Самитот на иднината во ООХ:…
Крајно време е за соочување со грдата…