(Видео) Каде е чашката таму е и тој: Мицкоски и Јанчев славеле Св. Трифун заедно со бугарскиoт амбасадор

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го прослави празникот Св. Трифун на гости кај градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Меѓутоа на свечениот прием кај градоначалникот присуствувал и бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов.

И додека ја хушка широката македонска јавност против Бугарија, Мицкоски пие вино со бугарскиот амбасадор и ужива во неговото друштво.

Да се потсетиме на една друго видео во кое се потврдуваат дволичната политика на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и лагите кои ги пласираат во македонската јавност.

На средба со претседателот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов на прашањето дали го поддржува договорот за Добрососедство со Бугарија тој одговори дека истиот го поддржува.

Да не заборавиме дека Мицкоски најавуваше референдум за Договорот со Бугарија и Францускиот прему годлог од кој на крајот не бидна ништо за потоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да изјави дека ќе го поништи договорот, а потоа дека ќе го репреговара.

Единствено конзистентна е неконзистентноста на Мицкоски по однос на сите национални прашања кои ги загрижуваат Македонците.

Членството на ВМРО-ДПМНЕ е гневно и поради зачестените средби на Мицкоски со Јанчев кои се одвиваат во пријателска атмосфера, а члнеството на партијата за најголемо зло на Јанчев му ја зема поддршката која тој ја даде за промена на името на државата.

Пред неколку години Јанчев ја даде и најскандалозната изјава кога иако како градоначалник од редовите на опозицијата го пофали тогашниот премиер Зоран Заев.

Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.

Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме ќе бидеме како Швајцарија – порача Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Европски е што Петар Богојески не е…

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…