(Видео) Кадиров за преговорите со Зеленски: Јас сум психолог, знам да манипулирам со луѓето
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објасни за државната телевизија Русија 1 како ќе води преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за ставање крај на руската инвазија. Тој тврди дека „многу брзо ќе го убеди Зеленски да ги потпише сите потребни документи“.
Тој одговори и на прашањето што би рекол во разговорот еден на еден со украинскиот лидер.
„Не би рекол ништо. Би го присилил да прави се што ни треба. Јас сум психолог, многу добро ги познавам луѓето и можам да манипулирам со нив, па брзо би ги нашол вистинските фреквенции и би го ставил (Зеленски) на негово место. “, рече Кадиров.
Имаше озлогласена репутација уште пред војната
„Ме убедивте“, рече неговата соговорничка Олга Скабеева. Клип од телевизиското појавување на чеченскиот лидер на Твитер го објави Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина.
Kadyrov believes it is not right to negotiate with Kyiv leadership. But were he to negotiate with Zelenskyy, he would convince him of anything as Kadyrov is a "psychologist and would quickly find the frequencies" pic.twitter.com/Znxp8PxegV
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 14, 2023
Иако Кадиров се обидува да се позиционира како важна личност во руската инвазија, малку е веројатно дека ќе биде поканет на потенцијални преговори меѓу двете конфликтни страни, пишува Newsweek.
Уште пред почетокот на руската инвазија, групите за човекови права го обвинија Кадиров за вонсудски убиства, киднапирања и тортура.
Кадиров се воздржува да го критикува Путин
Сепак, тој дополнително ја потврди својата неславна репутација за време на војната во Украина, бидејќи се појавија бројни извештаи за бруталноста на неговата војска, чии членови доаѓаат од претежно муслиманската руска република Чеченија.
Иако Кадиров беше критичен кон руските команданти и општата неефикасност на руските воени операции, тој се воздржа од директно критикување на Путин бидејќи му е потребна неговата поддршка за да остане на власт.
Извор: Индекс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…