(Видео) Кадија те тужи, кадија те суди: Државата бара 435.000 денари од сопруга за бранител – Никогаш не добила решение, ниту била повикана на рочиште!
Како смохран родител секој има право на семејна пензија, до 26 години по закон. Двете ќерки дипломираа стоматологија, сега работат во приватни ординации, каде што ќе најдат, за да моите деца сега после толку години не заслужуваат едно вработување?
Само за нив нема вработување, затоа што 21 година зборувам забранителите и како бранител и како сопруга и како се! Никого не сум повредила, се борам за сите!
Ние, ретроактивно од 92-ра поминуваме голгота, вели Надица Мирчовска во интервју за Инфомакс. Надица е бранител, припадник на безбедносните сили на АРМ, но и сопруга на командант на воената полиција кој починал во конфликтот во 2001 година.
– Сите права кои требаше да ги имаме МО не ни ги даде, ама сега, последно што ја прелија чашата тоа е извршувањето спрема нас. Наводно моето семејство во 2001 година се збогатило со 199.000, околу 200.000 денари, значи повеќе сме земале пензија.
После 21 година, ПИОМ наоѓа дека треба да им вратиме скоро 200.000, а што е најтрагично ние немавме никакво решение врз основа на што добиваат пензија.
Како самохран родител секој го следува семејна пензија.
Ние добивме налог за извршување, стопирана, блокирана ми е сметката. Во банка ме упатија кај извршителката, одам таму. Како може ПИОМ без да ме извести, без да присуствувам на тие рочишта… кадија те тужи, кадија те суди… За 200.000 денари сега треба да вратиме 435.000 денари, со тоа што од судот е напишано дека сме се збогатиле од пензијата на децата. Тоа е срамота некој да го спомне затоа што тие деца ништо не добиле, никаква заштита од државата!
Како јас ќе ги учам моите деца да си ја сакаат својата татковина, кога сите бранители се на маргините? Како да им го објаснам случајот? Државата едно кажува, ама реалноста е друга, вели Надица.
Надица се обратила и до народниот правобранител кој наместо да препорача запирање на извршната остапка, препорачува само промена на начинот на извршување.
– Кога отидов таму кажав дека имам кредит, како ме извршувате кога имам кредит, а од плата може една третина? Ме оставате без леб… Каде се моралните вредности? Каде се човековите права? Еден социјален случај зема 6000 денари, а јас не сум ни како социјален случај.
Јас кога отидов кај народниот правобраител и сите се согласија со мене, а ми одговорија дека немаат никаква ингеренција, тоа е за да ги заштити правата на народот, не правата на олигарсите, зошто постои ако не е надлежно?
Напишав и до судскиот совет приговор, до денес се уште немам одоговрено, како постапуваат по нешто што е вон сите човекови права.
Со тоа се потврдува дека ние немаме никаква егзистенција, а Уставот кажува за гружа за смејествата на бранителите, секаква гружа, а ние немаме никаква за жал. И сега ние треба да кажуваме дека Албанците ни се криви… Нас ни се криви институциите.
Дури една госпоѓа од МТСП ми кажа дека можела да биде радикална со мене, вели Надица која додава дека не ја интересираат партиски интереси туку правата на бранителите, кои, некој од нив до ден денес имаат последици и им треба гружа и ресоцијализација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трајче Начаров е жив и здрав,…
Велешанецот Трајче останал без пензија, отпремнината била…
Ангелов бесен: ДРЖАВАТА КОЈА ЈА БРАНЕВМЕ ОСУДИ…
Директорот на Центарот за управување со кризи,…
Се преименуваат четири улици во Берово: Ќе…
Во Берово преименувани четири улици кои во…
(Видео) Нов скандал! Ова се пратениците на…
Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно ги оставија на…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно ги оставија бранителите…