(Видео) Казухиро Котецу се шета низ Јапонија и си пее позната македонска песна!
Јапонскиот оперски пеач Казухиро Котецу, кого македонската јавност го знае најмногу по пеењето на македонски песни и кој важи за голем заљубеник во македонската музика и генерално во Македонија, сподели кратко видео на социјалните мрежи за тоа како ја поминува оваа зима.
Котецу во објава на Фејсбук сподели кратко видео утрово од јапонскиот град Сакаиминато, каде шетајќи си потпевнува – ама на македонски.
Во видеото тој си ја потпевнуваше „Македонско девојче“.
„Зима во Сакаиминато, Казухиро Котецу си потпевнува“, стоеше во натписот над видеото.