(Видео) Како звучи новиот хиперавтомобил F80 на Ferrari?
Минатата недела Ferrari го претстави својот нов врвен хиперавтомобил наречен F80, но за разлика од трите претходници, тој не се придвижува од V12, туку од V6 мотор со твин турбо.
Сега обожавателите исто така можат да го слушнат звукот на оваа единица и да проценат дали е достоен за наследството.
Пред неколку дена во Имола, Ferrari покажа како изгледа и звучи F80. Хибридниот хиперавтомобил правеше кругови на патеката, а потоа на YouTube се појавија видеа кои покрај визуелната презентација ѝ овозможија на пошироката јавност да го слушне звукот.
Заклучокот на многумина е дека F80 звучи доста слично на послабиот 296 GTB кој исто така користи V6 мотор, а на прво поминување е толку тивко што автомобилот изгледа како да е во целосно електричен режим.
Иако звукот не е клучен фактор кога станува збор за вакви автомобили, тој сепак е важен. Многумина ќе речат дека F80 е разочарување во овој сегмент, особено во споредба со „врескањата“ на V12 моторот.
Од друга страна, оправдувањето за Ferrari може да биде фактот што хибридниот твин-турбо V6 мотор е земен од тркачкиот автомобил што го освои Ле Ман, како и користен во Формула 1. Така, на некој начин има смисла дека патниот автомобил од највисоко ниво го прифаќа истиот мотор.
Познато е дека Ferrari ќе произведе 799 примероци од моделот F80, цената е 3,6 милиони евра, а секој од нив е веќе продаден.
Ferrari сè уште ги произведува моделите Daytona SP3 и 12Cilindri, кои се придвижувани од V12 мотор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…