(Видео) Како Милошоски демантираше дека ќе има корист од измените на КЗ, а му застари делото за злоупотреба на службената положба!

t

На пратеникот Антонио Милошоски и уште 9 обвинети во предметот “Moќник” им застаре гонењето за делото злоупотреба на службената положба но тој ќе остане во судница со татко му Милош Милошоски и екс градоначалникот на Македoнски Брод, Милосим Војнески затоа што одговаат и за делото измама.

Истиот Милошоски пред дваесетина дена во гостување во Сител телевизија демантираше дека измените на Кривичниот законик ќе му помогнат во овој случај, но излезе дека тоа не било вистина.

– Јас сум во овој случај опфатен преку членот 249 кој не беше опфатен со измените на Кривичниот законик, рече тогаш Милошоски кој демантираше дека измените на Кривичниот законик се однесуваат и на неговиот предмет.

Кривичниот суд денеска соопшти дека делото од изменетиот 353 во случајот “Моќник” застаре, а судењето за Милошоски продолжува само по членот за измама.

-Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната расправа надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон.

Судот, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител и согласно одредбите од КЗ донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите – М.М., М.В. и А.М. судењето за кривичното дело Измама од чл. 247 ст.4 вв ст.1 вв со чл. 22 од КЗ продолжува на следната расправа насрочена за 09.11 и 28.11 2023 година во 10:00 часот, стои во соопштението од Кривичниот суд

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како Милошоски демантираше дека ќе има…

На пратеникот Антонио Милошоски и уште 9…

Милошоски се мајтапи со Димитров: Камeлеон без…

Димитров - камелеон без датум и без…