(Видео) Како на филм: Унгарската полиција бркаше Срби кои се обидоа да огрaбат златарница
Филмска брканица на улиците во унгарскиот град Дебрецин. Полицијата бркаше автомобил во кој се наоѓаа двајца Срби, кои претходно се обиделе да ограбат златарница.
Полицијата веднаш по пријава за напад и обид за грабеж тргнала во потрага по сторителите, кои бегале со жолт автомобил. На социјалните мрежи се појави видео од брканицата.
На видеото може да се види како полициските возила се обидуваат да го блокираат жолтиот автомобил од речиси сите страни. Возачот испаничи и набргу удри во паркирани возила, по што двајцата почнаа да бегаат, но беа фатени од полицијата.
Како што соопшти полицијата двајца Срби влегле во златарницата и веднаш го нападнале продавачот, а еден од нив вперил и пиштол кон него. Потоа и двајцата почнале да го удираат и тепаат.
Разбојниците потоа се обиделе да го спакуваат накитот во црна торба, но на крајот морале да побегнат, па го оставиле и пиштолот и чантата.
46-годишен Србин и неговиот 37-годишен брат, осомничени за вооружен грабеж, на рочиштето признале се. Браќата се приведени, а поднесен е и предлог за нивно апсење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Макрон одби да ѝ се обрати на…
Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се…
Герапетритис: Патот на Северна Македонија кон Европа…
Одлуката на државното и политичкото раководство на…
Медведев: Повторно оживеа фашизмот во Европа
Русија спроведува специјална воена операција за целосно…