(Видео) Како ќе им објасниме на нашите деца за забраната на Чајковски? И Нацистите им запленувале имот на Евреите!
Во Тешки муабети се зборуваше за санкциите кон Русија кои вклучуваат забрана на руски уметнички дела, музика и слично.
“Масовната психоза за Короната се замени со масовна психоза во однос на Русија. Во Германија имаше запалено руско школо, имаше обид за влез во руската амбасада во Ирска, им се запленува имот, па се сеќаваме дека и кон Евреите Нацистите се однесуваа така. Прво им запленија имот. Јас не разбирам како утре ќе им објасниме на нашите деца како ќе се оправдаме за забраната на Чајковски…” – запраша Милош
Јанко кажа дека има едно оправдување, кое е постојано присутно во Македонија, такво беше времето.
“Со истите реченици кога ќе ги прашаш наследниците на комуњарите како може Ченто да го пратите во затвор, Панко Брашнаров на Голи Оток, струмичките студенти, командантите на Кале… Се има само еден одговор, “такво беше времето”. Ова е масовно миење на раце во одговорност.
Сега е сеопшта хистерија кој ќе се покаже поправеден, како во нацистичка Германија кога за да се покаже како лојален на државата требало да се тепа Евреи, да крши излози… Тие мислеле дека се бранат од злото.” – рече Јанко.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: