(Видео) Катастрофалната поплава одзеде 104 животи во Бразил
Поројните дождови кои предизвикаа поплави и одрони во бразилската држава Рио де Жанеиро одзедоа 104 животи, пренесува Агенција Анадолија.
Според веста што ја објави бразилскиот портал Г1 (G1), Секретаријатот за цивилна одбрана на Рио де Жанеиро информирал дека 104 лица ги загубиле животите во поплавите и лизгањето на земјиштето во градот Петрополис кој се наоѓа во планинскиот предел на државата.
Клаудио Кастро, гувернерот на Рио де Жанеиро, ја посети областа погодена од поплавите и во изјава за медиумите рече дека регионот бил изложен на најсилните врнежи од 1932 година досега.
Кастро рече дека до следната недела очекува да им се даде социјална помош за купување мебел и покуќнина на семејствата погодени од поплавата.
Во веста се наведува дека пожарникарите кои спроведуваат активности за пребарување и спасување на теренот, спасиле 21 лице, а 35 лица се пријавени за исчезнати, но сѐ уште не е утврдена точната бројка на починати.
Најмалку 54 куќи се уништени, а повеќе од 370 луѓе заминале во засолништа поради поплавите и свлечиштата кои го погодија регионот.
Властите прогласија „состојба на катастрофа“ во регионот зафатен од поплавата поради која се ангажирани повеќе од 400 пожарникари и ги повикаа луѓето што живеат во ризичните области да одат на пунктовите за поддршка што се користат како засолништа.
Поради поплавите, голем број училишта и универзитети се претворени во пунктови за поддршка каде што беа згрижени бездомниците и им се даваше помош на сиромашните.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека по обилните поројни дождови што започнаа на 15 февруари, на високите места на Петрополис има одрони, поплавени се улици, паркови, пазари, а автомобили и автобуси се влечени од надојдената вода.
Надлежните соопштија дека Петрополис очекуваните врнежи и дожд за месец февруари ги добил во период од шест часа.
Повеќе од 900 луѓе ги загубија животите во катастрофалната поплава што го зафати овој бразилски град во 2011 година, во која исчезнаа над 100 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на…
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
11 лица загинаа откако мост во Кина…
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…
На Флорида прогласена вонредна состојба поради поплави
На повеќе места на Флорида е прогласена…