(Видео) Киев е нападнат, ечат сирени, проектили паѓаат на сите страни

t

Дописници од светот информираат дека вечерва Киев е нападнат, а експлозии се слушаат постојано.

Градоначалникот Кличко изјави дека Русите се блиску до градот и дека им претстои тешка ноќ. Тој потврди дека градот бил нападнат.

Сирените предупредија на воздушен напад во Киев. Проектили паѓаат врз главниот град. Изброив три силни удари во последните пет минути. Гледам низ прозорецот и го гледам небото како сјае. Звукот на експлозии одекнува низ градот, напишал американскиот новинар Кристофер Милер, кој е во Киев.

„Рускиот напад врз Украина денеска беше поостар и вклучуваше напади врз цивилната инфраструктура во Киев, но руските сили не напредуваа како што беше планирано и главниот град остана цврсто под украинска контрола, изјави украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…