(Видео) Ковачевски смета дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени

t

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија истакна дека проевропската коалиција верува дека уставните измени, кои започнаа на денешната собраниска седница, ќе бидат консезуално изгласани во текот на понатамошниот процес.

На прашањето на Инфомакс како Ковачевски го коментира фактот дека ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се изјасни за или против уставните измени, туку од Собраниексата говорница говореше професорката Силјановска, која е независен пратеник, премиерот одговори:

Тоа е едно од основните причини заради коишто ние сметаме дека е пред нас усвојување на уставните измени и тоа консензуално со сите пратеници во Собранието.

Во Собранието на Република Македонија денеска со изгласување на дневниот ред на собраниската седница започна процесот на уставни измени за внесување на дел од бугарскиот народ и неколку останати народи во преамбулата на Уставот на РМ, а од нормативниот дел на Уставот во членовите 49 и 78.

Измените ќе гласат :

„Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ. Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.  

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Собранието утре избира нов министер за здравство

Собранието утре во рамки на 54. седница…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…