(Видео) Ковачки се избрука во Собранието, а Мицкоски го проби дното: Ковачевски раскажа за своите здравствени проблеми за претседателот на ВМРО потоа да се исмева со здравјето на премиерот
Некогашниот покловник во АРМ, а сегашен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки попладнево се избламира од собраниската говорница откако по кој знае кој пат го обвини премиерот Димитар Ковачевски за дезертерство од војната во 2001 година.
Пратеникот Драган Ковачки од собраниската говорница повторно го повика премиерот Димитар Ковачевски да приложи документ пред надлежните органи со кој потврдува дека е трајно неспособен или пак само лажирал за да избегне служење воен рок.
– Еве го моето прашање до Димитар Ковачевски – дезертер од 2001 на кого на тацна му ја оставија државата за да тој денеска си игра премиер: Дали приложивте документ пред надлежните органи со кој потврдувате дека сте трајно неспособен затоа што СТЕ трајно неспособен, или лажиравте и со сила се правевте трајно неспособен за да избегнете служење воен рок односно да ја браните државата”, запраша Ковачки.
Следуваше одговорот од премиерот Ковачевски која објасни зошто не служел во војска.
–Во 2000-та година, согласно сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна повеќестепена процедура врз основа на мислење на стручни лица од медицината, а заради мој здравствен абдоминален проблем со кој се уште се соочувам се регистрираше моја неможност за служење на воена обврска, одговри премиерот Димитар Ковачевски и додаде.
Неофицијално премиерот Ковачевски има преживеано рак во својата младост.
Откако Ковачевски откри детали за својата здравствена состојба, Мицкоски истата ја злоупотреби на прес-конференција на која требаше да ги претстави мерките за намалување на цената на енергенсите и да понуди спас за македонската економија.
Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои, подготвен сум и да дебатирам со Ковачевски на кој било медиум за ова, се надевам нема пак да дезертира, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција.
-Повторувам за да нема забуни, за да нема дилеми го повикувам Димитар Ковачевски да одбере медиум и време кога заедно ќе се соочиме пред македонската јавност бидејќи сега не е време за политиканство и политики. Не е време за надмен, нервозен и емотивен однос. Сега е време за одговорност, сега е време како да им помогнеме на граѓаните, како да и помогнеме на Македонија. Изберете време, изберете медиум, немојте да дезертирате, јас таму ќе ве чекам.
Изјавата на Мицкоски е мизерна имајќи во предвид дека само неколку часа премиерот проговоре за својата здравствена состојба, дефинитивно Мицкоски го проби дното. По се изгледа дека борбата да ја зачува претседателската фотеља во ВМРО-ДПМНЕ е поважна од било кое политичко ниво за Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…