(Видео) Кога тенкот се движи и пивото има став мирно – Како Германиците ги тестирале тенковите „Леопард I“

t

Германија за прв пат започна со производство на својот тенк „Леопард I“ во раните седумдесетти години на дваесеттиот век.

Само неколку години подоцна, првите испораки започнаа низ Европа поради Студената војна меѓу Западот и Источниот блок. Со текот на времето беше дизајниран и произведен „Леопард II“, кој стана многу популарен меѓу земјите членки на НАТО алијансата. Германија неодамна се договори со Украина да испорача 178 тенкови Леопард I.
Германската армија на необичен, но оригинален начин го тестирала тенкот „Леопард I“ уште во далечната 1986 година, пишува “taskandpurpose”.

Тенкот се движи низ ридест и каллив терен, а пред да започне тестот, еден војник стави полна половина литар кригла пиво врз топот. Тестот започна, тенкот почна да брза, но криглата за пиво не мрда. На овој начин германската армија сакаше да ја покаже стабилноста на тенкот во симулацијата на најтешките можни услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пар веднаш зажали што отвори порака во…

Пар веднаш зажали што отвори порака во…

Дневен хороскоп за 27 март

Овен Овој ден, конечно ќе можете да…

Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…

До крајот на четврток 27 март во…

Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа

Русија има тајна база за нуклеарно оружје…

Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…

Aston Martin го претстави својот нов модел,…