(Видео) Косовскиот министер за одбрана: Војската има капацитете да го зачува „суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово“

t

Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај најави дека Косово продолжува со развојот и усовршувањето на војската на Косово, наведувајќи дека армијата има капацитет да го зачува „суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово“.


Мехај на Фејсбук објави видео во кое може да се видат нови борбени возила, опери, припадници на војската на Косово за време на вежби.

„Косовската армија со модерни борбени способности за заштита на територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја. Продолжуваме да ги развиваме и усовршуваме нашите сили според највисоките стандарди на силите на членките на НАТО и земјите партнери за ефективно учество во меѓународните мировни операции во интеракција и со сојузничките сили што ги предводат САД. Должноста, честа и татковината пред се!“, напиша Мехај.

ЛИНК од објавата и видеото на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…