(Видео) Котлар: Историската комисија си наоѓа членови кои може да ги придобие по финансиски или друг пат

t

Новиот член на мешовитата историска комисија е по предлог на претседателот на македонскиот дел од комисијата и најверојатно милува да биде и директор на Институтот за национална историја и Академик, рече Наташа Котлар во интервју кај Ицо Најдовски Перин, коментирајќи го вклучувањето на Димитар Љоровски како нов член во Мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

– Луѓето од таа комисија немаат допир со реалноста ама си наоѓаат луѓе кои може да ги придобие дали по финансиски пат или кариерно напредување, тоа треба да го откриеме, но новиот член летоска не изненади бидејќи имаше написи во кои ја критикуваше комисијата и нејзината работа. Учествуваше во некои трибини кои ги организираше една опозициска партија, која не е доинантна но е присутна во собранието, Левица, а кога Институтот за национална историја организираше Конференција за значењето на Гоце Делчев, колегата не беше присутен да дискутира во научниот свет.

Но во денешно време најверојатно има некои сили кои с емногу појаки од достоинството, честа доблеста кон научната работа и сега овој релативно млад човек е дел од Комисијата. Човек треба да има достинство и да знае кои се неговите ставови бидејќи ако така често се менуваат ставовите каде ќе ни биде крајот, ососбено во науката каде мора д абидете доследни. Комиисјата е само инструмент на актуелната власти и Власта со оваа комисија ги руши сите постулати на македонската државност. Институтот за национана историја е тој кој ги проуува историските дејствија и настани и дава одоговри, некомисијата, ама овие колеги се повеќе верни на славата, политичкото делување, а не на научното делување, вели професорката Котлар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ