Објавено на:

(Видео) Крави се шетаат низ владините згради во Индија: Вака протестираат земјоделците во светот!

t

Добротворните организации, кои управуваат со засолништата за стока во западната индиска држава Гуџарат, ослободија илјадници крави во знак на протест против недостатокот на ветената владина помош, пренесува Би-Би-Си.

Видеата од кравите кои шетаат низ владините згради станаа вирални.

Демонстрантите се заканија дека ќе ги бојкотираат претстојните државни избори доколку владата не ослободи средства.

Гуџарат е меѓу неколкуте индиски држави кои се опоравуваат од појавата на ретка кожна болест, што доведе до големи загуби на добиток.

Државата пријавила повеќе од 5.800 угинати говеда, додека скоро 170.000 се проценува дека биле погодени од оваа болест.

Кравите се свети животни за поголемиот дел од хинду заедница во Индија, а нивното колење е нелегално во 18 држави, вклучувајќи го и Гуџарат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Индискиот премиер пристигна во посета на Москва

Премиерот на Индија Нарендра Моди пристигна во…

Индискиот премиер Моди во посета на Москва…

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска пристигнува во…

Индија: Топлотен бран уби најмалку 56 лица,…

Индија регистрираше речиси 25.000 сомнителни случаи на…

Грешка во мерните апарати: Температурата во Њу…

Индиската влада соопшти дека поради грешка во…

ПЕКОЛ: Речиси 50 степени Целзиусови во северна…

Делови од северозападна Индија и денеска погодени…