(Видео) Крмов: ДУИ го покажува нивниот великоалбански шовинизам и ги искористува Балансерот и Бадентерот

t

ДУИ го покажува нивниот великоалбански шовинизам и подреденоста на СДСМ во Владата, рече денеска пратеникот на Левица, Борислав Крмов, од Собранието на Република Македонија.

 – „Балансерот, заедно со Бадентеровото мнозинство се всушност инструменти за залоупотреба од страна на ДУИ. Според ниту еден попис, вклучително и последниот (којшто ние не го признаваме), процентот на Албанците никогаш не бил 41,5%.

 Од друга страна, тоа го покажува односот на СДС и ДУИ во владата. На ДУИ им е дозволено секојдневно да го кршат законот, а за тоа да не одговараат, што укажува дека СДС се во подредена состојба во однос на ДУИ. СДС само партиципара во владата на ДУИ.

Со тоа што ДУИ се фалат само со етнички вработувања, етнички проекти во т.н. „нивни делови“ во Македонија, покажува дека ДУИ како партија не може да излезе од таа нивна етничко-шовинистичка призма и великоалбанските идеи.“ – истакна Крмов.

Првиот вицепремиер Артан Груби, кој е камен на сопнување меѓу Али Ахмети и огнената група на Меџити во ДУИ, истакна дека тие се подобри од било кога, дури вработени се повеќе од 45% Албанци.

„Ниту една работа на Албанците не е почната со оваа Влада, ние само ја продолжуваме работата што другите влади ја започнаа пред нас Од 2002 година дел од работите доцнат, а дел се завршени.Работите што ги направивме не се малку, има ли Албанци кои велат дека не сме подобри од порано и посилни од било кога. Вработени се 41,5 отсто од Албанците. Ова е реалност, ова не се само зборови туку и дела. Станавме членка на НАТО, започнавме стратешки дијалог со САД, претседаваме со ОБСЕ, најголемата меѓународна организација, ние сме пример во регионот за управување со кризи и воопшто не сме имале прекини во снабдувањето со струја. Сега се вршат работи кои не се извршувале со децении. Изградивме тим кој достоинствено го претставуваме пред сите. Можете ли да наброите една единствена одлука од септември 2020 година до денес која била антиалбанска? Ни секунда не ја напуштаме владината седница“, рече во својот говор првиот вицепремиер Артан Груби.

Горди сме што успеавме да произведеме солидни кадри, истакна собранискиот спикер Талат Џафери.

„Не би сакал да зборувам за постигнатото поради тоа што 20 години ги прифаќам задачите и сметав дека тоа треба да се направи врз основа на нашите очекувања. Овие паралелни активности што почнаа мора да се прекинат и нашите другари и пријатели кои имаат авторитет и моќ пред нас да зборуваат за делата што ги направиле и кога ќе дадат извештај тогаш ќе треба да обвинуваат.Албанците 20 години ја поддржуваат идеологијата на Али Ахмети и ДУИ, не случајно. Дали ја завршивме целата работа? Не постои никој во светот кој би рекол дека јас сум ја завршил целата работа. Сите треба да се вразумиме и да погледнеме во политичкото минато.Центарот на Гостивар е проект на Али Ахмети и тоа сите го знаеме,“ рече во своето излагање спикерот Талат Џафери.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во својот говор рече дека мора да се биде внимателен, затоа што Москва се обидува да има влијание во земјава, а му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе обезбеди 61 пратеник со Левица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Барањето за ветинг на политичарите е…

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува…

ДУИ: Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран…

„Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран ветинг…

ДУИ: Стравот од целосен ветинг не се…

Демократската унија за интеграции бара веднаш да…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…