(Видео) Крмов: И со двотретинско мнозинство нема да го поништат Преспанскиот договор
– Дали со тие 81 ќе го извадат, ќе го поништат Преспанскиот договор? Ете, остана неодговорено, а тоа значи НЕ. Нека чуе народот и нивното членство, што беше излажано по не знам кој пат и ги гласаше за наводно да ја спасуваат државата! Нека знае! Со двотретинско мнозинство нема да го поништат Преспанскиот договор – истакна пратеникот Крмов при гостувањето во ,,24 Анализа” на ТВ 24.
Крмов го истакна ставот на Левица по однос на внесувањето Бугари во Устав.
– По никоја цена Бугари во Устав – НЕ! А јас слушнав само еуфемизми – ние ќе вртиме, ќе вртиме околу темата и, еве, на крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот. Апсолутно! Прво ќе почнат со тие, не знам колку им се, услови, потоа условите ќе паѓаат еден по еден додека тоа не се случи. По мои проценки, еве, 61 тврдат дека имаат, ЗНАМ има 6, тука 14 сега, од 13, на ВЛЕН. Тоа се 81. Тоа е повеќе од доволно за Бугарите во Уставот – појасни Крмов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор
Мое човеково право, гарантирано со многу конвенции,…
Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…
Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…
Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…
Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…
Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…
Анкара и Приштина потпишаа договор за воена…
Министерот за одбрана на привремените институции на…