(Видео) Крмов: Ќе одиме и во затвор ако тоа е цената за нешто да се смени
Измените на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија се на барање на ВМРО-ДПМНЕ, смета пратеникот на Левица, Борислав Крмов, кој на денешната пленарна седница за измени на Деловникот предизвика вистински хаос во салата, со цел спречување на овие измени.
– Според мене ова што се случи во Собранието е на барање на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е слаба на анкетите и не е сигурна дека ќе биде власт, не се ни ДУИ сигурни дека ќе бидат власт.
Рекоа ова е европски процес, со европски манири, ќе одат во декември во Париз, ќе удираат чашки со шампањ и ќе тврдат дека консензуално го донеле Деловникот.
Мислам дека ДУИ сакаше Деловникот да остане како што беше, но мислам дека беа притиснати од ВМРО-ДПМНЕ.
Според мене ова е еден вид мираз за можниот брак меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ после избори, вели Крмов кој додава дека пратениците на Левица се подготвени да одат и во затвор, доколку тоа е цената за промена на овој систем.
Според Милош Милошевски ова е најава за широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
– Мислам дека ова е најава за широка коалиција, власт после избори би биле и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, опозиција ќе биде само Левица, вели Милошевски.
Целата епизода гледајте ја на линкот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…