(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

t

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа кажа дека договорот е склучен на 19 септември годинава, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг и е вреден 55 илјади евра.

„Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“. Јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството, обвинуваа дека оваа фима, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“. Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Највуваа раскинување на договорот, репреговарање, што ли уште не. Тоа беше ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денеска гледаме дека се ова било лага до лага.
Наместо истрага – договор. Наместо одговорност – соработка. Ова е врв на политичко лицемерие, театар за јавноста во режија на Мицкоски и ДПМНЕ“, истакна Кузеска.

Таа побара Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за, како што рече, сите негови лажни изјави, а Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД Инженеринг.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС.

ИРД не е фирмата на Сотир Ампов, ниту фирмата која од фирма за долна облека станала надзор, туку фирмата која била во конзорциум со истата.

Тоа што МЖ Инфраструктура овозможила фер и транспарентна постапка во која може да добие и фирма со која СДС ја искористила во правење на разни бизнис шеми говори за тоа дека директорите во институциите поставени од ВМРО-ДПМНЕ не се занимаваат со местење тендери на подобни или неподобни фирми.

Сите фирми имаат еднакви шанси да бидат избрани доколку условите кои ќе ги понудат се конкурентни.

А што се однесува за фирмите на Сотир Ампов, Електра солушн и Институт за патишта, остануваме на нашите ставови и очекуваме ЈО да постапи“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор…

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа…

Македонското небо ќе биде затворено за сообраќај…

Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен…

Претепан кандидат за советник во Виница –…

Умут Скопко, кандидат за советник во Општина…

Судењето за „Пулс“ ќе биде маратонски процес,…

По потврдувањето на обвинението за трагедијата во…