Објавено на:

(Видео) Курти им се обрати на Србите во Косово: Србија е подготвена да изгуби уште една војна?!

t

Со долго видео, премиерот на Косово, Албин Курти им се обрати на Србите на Косово, да им објасни каква е ситуацијата, какви се неговите ставови, зошто работите одат како што се, како би сакал да биде и кои се генералните планови за северот на земјата.

Зборувајќи за изборите, Курти рече дека меѓународната заедница му ветила дека ќе ја вклучат Српската листа на изборите, доколку го прифати Охридскиот анекс, но такво нешто не се случи.

Тогаш се надевав дека барем Александер Јаблановиќ ќе стане градоначалник на Лепосавиќ, но го купи некој кој му дал 1 милион евра и два стана во Белград.

„Слушнав дека добил милион евра и два стана во Белград. Можеби не е точно, но сепак мора да биде преголем притисок или многу луксузна понуда, која ја натера Јаблановиќ да каже дека нема да го шутира пеналот“, рече Курти. „Во декември минатата година го одложивме денот на изборите за четири месеци, со надеж дека Српската листа ќе учествува. Меѓународната заедница ни вети дека доколку го прифатиме Охридскиот анекс ќе обезбедат учество на Српската листа на изборите“.

Тој нагласи дека е неопходен итен состанок во Брисел на кој ќе се бара да се спроведе бриселскиот договор со Србија, постигнат на 27 февруари.

„Потребни ни се средби во Брисел за итно, целосно и безусловно спроведување на основниот договор од Брисел, чиј составен дел е и Охридскиот анекс. Сега ми е јасно дека претседателот на Србија рече да за договорот да не се потпише и сега се жали што кажал да, што го прифатил тој договор, што значи де факто признавање на Република Косово“.

Курти нагласи дека нема да се толерираат напади и киднапирања на полицајци, пукање во војници на КФОР и напади врз новинари.

„Демократско и либерално општество не ја толерира културата на насилниците. Александар Вучиќ денеска ја претставува подготвеноста на Србија да изгуби уште една војна. Во исто време, тој е вашата гаранција дека 90-тите нема да станат минато. Јас не сум за војна. Јас сум против војна. Јас сум социјалдемократ“.

Шефот на косовската влада рече дека „страдав за време на војната, бев воен заробеник повеќе од две и пол години“, притоа додавајќи дека Вучиќ изгледа има само убави спомени од војната и такви чувства, бидејќи дури и тогаш беше на власт како министер на Милошевиќ, а за разлика од денес „имаше власт и без обврски бидејќи Милошевиќ ја носеше целата одговорност“.

ЛИНК од видео-обраќањето на Курти

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…