(Видео) Лавров: Западот мора да разбере дека сме подготвени на сѐ
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека употребата на хиперсоничната балистичка ракета Орешник во војната во Украина е обид да се натера Западот да разбере дека Москва е подготвена да ги искористи сите средства за да се осигура дека нема да биде нанесен „стратешки пораз“.
Во интервјуто со Такер Карлсон, водител близок на Доналд Трамп, емитувано синоќа на Х, Лавров рече: „Пораката е дека вие – мислам на САД и сојузниците на САД, кои исто така му доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев – мора да разберете дека ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што велат, стратешки пораз на Русија“.
Лавров, исто така, рече дека е „многу сериозна грешка“ за некој на Запад да претпостави дека Русија нема црвени линии или дека тие „постојано се движат“.
Русија пред две недели ја истрела својата нова хиперсонична ракета Орешник кон украинскиот град Днипро во големата ескалација на војната која трае речиси три години. Рускиот претседател Владимир Путин оттогаш се закани дека ќе употреби оружје против Киев како одговор на украинските напади на руска територија.
„Испраќаме сигнали и се надеваме дека последниот сигнал, пред неколку недели, со новиот вооружен систем наречен Орешник… е сфатен сериозно“, рече Лавров.
Иако инсистираше на тоа дека Русија не сака да ескалира ситуацијата и сака да „избегне какво било недоразбирање“ со Вашингтон и неговите партнери, Лавров предупреди дека „ќе испрати дополнителни пораки доколку не ги донесат потребните заклучоци“.
Путин рече дека ракетата Орешник лета 10 пати побрзо од звукот и дека противвоздушната одбрана не може да ја пресретне. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „последниот напад на руското лудило“ и повика на распоредување на системи за противвоздушна одбрана за да се одговори на новата закана.
Карлсон, еден од медиумски поекспонираните поддржувачи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Москва во февруари. Тоа беше прво интервју на Путин со американски новинар по руската инвазија на Украина во 2022 година.
Коментаторите на американските медиуми нашироко го критикуваа Карлсон, велејќи дека тој му дозволил на лидерот на Кремљ да го контролира разговорот и не го притиснал на важни теми како што се наводите за воени злосторства во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Лавров: Западот мора да разбере дека…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Москва: Русија на никој не му се…
Предавањето на нуклеарното оружје на Украина би…
Стапи на сила воениот договор меѓу Северна…
Договорот за одбрана меѓу Северна Кореја и…
Блумберг: НАТО разгледуваше нов безбедносен план за…
На самитот во Брисел, членките на НАТО…
Столтенберг предлага Украина привремено да ѝ отстапи…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,…