(Видео) Лавров по средбата со Лиз Трас „Како нем со глув да разговара“
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по средбата со британската колешка Лиз Трас, посветена на ситуацијата во Украина, воените вежби во Белорусија и безбедносните гаранции за Русија, одржана во Москва, истакна дека дека средбата минала како разговор на нем со глув.
Искрено, разочаран сум што испадна разговор на нем со глув. Се чини дека слушаме, но не слушаме ништо. Нашите детални објаснувања паднаа на неподготвен терен. Слично како што велат дека Русија чека земјата да замрзне и да стане како камен, за тенковите лесно да можат да преминат на украинска територија. Ми се чини дека и нашите британски колеги денеска имаа такво замрзнато тло од кое отскокнаа сите факти што им ги презентиравме – изјави рускиот министер.
За Москва, загриженоста на Западот за воените вежби и движењето на руските сили на сопствена територија е нејасна.
Не сакаме никому да му се закануваме, погледнете ги изјавите, никаде немаше ниту една закана. Цело време нам ни се закануваат – истакна Лавров.
Британската министерка, од своја страна, посочи дека Русија има избор или да соработува со НАТО или да продолжи да го зголемува бројот на своите војници на границата со Украина.
Верувам дека Русија има јасен избор – Русија може да оди по дипломатски пат, да соработува со НАТО и да обезбеди европска безбедност или да продолжи по патот што ние го гледаме, а тоа е зголемување на бројот на силите на границата со Украина, што претставува закана – изјави Трас.
Лавров возврати, велејќи дека Русија секогаш сакала и сака да разговара.
Сиве овие години се држевме до дипломатија и ќе продолжиме да го правиме тоа. Русија е измамувана и ѝ е вршена неправда, многу години, многу пати, кога станува збор за договори и обврски од други држави – изјави Лавров.
Трас повтори дека „Северен тек 2“, гасоводот што ја поврзува Русија со Германија, нема да биде пуштен во употреба во случај на „инвазија“ на Русија на Украина.
Таа додаде дека руски напад врз Украина ќе има „огромни последици, со сериозна цена“ и побара од Москва да се однесува во согласност со меѓународните договори, кои ја обврзуваат да ги почитува независноста и суверенитетот на Украина.
Looks like Liz Truss’ Moscow trip has not gone down well with Lavrov, who said UK diplomats came “unprepared” to their meeting and said it was “like a mute talking to a deaf person” pic.twitter.com/GkTIxYRBI4
— max seddon (@maxseddon) February 10, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…