(Видео) Ласерите се иднината на противвоздушната одбрана – еден истрел чини 13 долари
Велика Британија оваа недела претстави ново ласерско оружје за кое нејзината војска вели дека може да испорача смртоносен истрел за околу 13 долари, што потенцијално ќе заштеди десетици милиони долари од цената на ракетните пресретнувачи кои сега ја вршат оваа работата, пишува „Си Ен Ен“.
Новообјавеното видео од тестот на она што Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го нарекува „DragonFire“, систем за ласерско насочено оружје, ја претставува, како што вели Министерството, неговата успешна употреба против воздушна цел за време на демонстрациите во јануари во Шкотска.
„Тоа е потенцијален менувач на играта за воздушна одбрана“, се вели во видеото додека светлиот ласерски зрак го пробива ноќното небо над стрелиштето во оддалечениот архипелаг Хебриди, создавајќи топка од светлина додека ја погодува својата цел.
Министерството за одбрана вели дека „DragonFire“ може прецизно да погоди цел мала како монета „на долги дострели“, но не понуди специфики.
Ласерскиот зрак може да го пресече металот „што доведува до структурен дефект или повлијателни резултати доколку истрелот е конкретно насочен“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.
Од таму тврдат дека ги отстранува своите цели за мал дел од цената на сегашните ракети за воздушна одбрана.
Министерството за одбрана ја процени цената за испукување на „ласерски рафал“ од 10 секунди на околу 13 долари. Спротивно на тоа, стандардниот проектил што го користи американската морнарица за воздушна одбрана чини повеќе од 2 милиони долари по истрел.
Ласерското оружје DragonFire е тестирано во јануари на британскиот полигон.
„Тоа има потенцијал да биде долгорочна евтина алтернатива на одредени задачи што проектилите во моментов ги извршуваат“, се вели во јануарското соопштение од британското Министерство за одбрана.
Цената на ракетите за противвоздушна одбрана стана жешка тема во одбранбените кругови во последниве години, бидејќи евтините беспилотни летала ја покажаа својата ефикасност на боиштата во Украина и во нападите на бунтовниците Хути против комерцијалните и воените бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив.
Аналитичарите се прашуваат колку долго САД, Обединетото Кралство и нивните партнери можат да продолжат да користат проектили од повеќе милиони долари против беспилотните летала на Хутите, кои може да купат многу од нив за ниски цени.
Меѓувреме, скапите системи за противвоздушна одбрана од западните сојузници беа клучни за способноста на Украина да се брани од напади на руски ракети и беспилотни летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ласерите се иднината на противвоздушната одбрана…
Велика Британија оваа недела претстави ново ласерско…
Зеленски: На Украина и треба противвоздушна одбрана…
На Украина и треба посилна противвоздушна одбрана…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Нема конкретна закана за напад врз Македонија,…
Во овој момент не постои конкретна закана…
Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја…
Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да…