(Видео) Лекарската комора предлага привремено одземање на лиценцата на анестезиологот кој ги снимаше родилките

t

На денешната прес-конференција на Лекарската комора на Македонија, во врска со немилиот настан кој се случи во тетовската гинекологија, претседателката на Лекарската комора, Проф. д-р Калина Гривчева Старделова соопшти дека ќе предложи Судот на честа на Лекарската комора времено да ја одземе лиценцата за работа на анестезиологот.

– Лекарот кој ги снимаше пациентките ги наруши угледот и честа на лекарската професија. Лекарската комора денес итно ги свика органите и телата на Комората за да го разгледата конкретниот случај. Се одржа состанок на комисијата за етички и правни прашања и донесе едногласна одлука за покренување на постапка пред судот на честа на лекарската комора.

Обвинителот ова го прифати и до судот на честа достави обвинение до лекарот анестезиолог кој веќе не е вработен во установата, и ќе се предложи времено одземање на лиценцата за работа на лекарот.

Етичката комисија констатираше дека колегата со своите постапки и однесување прекршил повеќе етички норми, поради што се поведе постапката пред судот на честа.

Лекарската комора уште еднаш изразува жалење за случајот и им се извини на пациентките кои беа снимани.

Несоодветно и изолирано однесување на поединци нема да дозволиме да се нарушува угледот на целата професија.

Согласно правните регулативи нема основ за трајно одземање на лиценцата на лекарот, појаснија од Лекарската комора.

-Најмногу што може да се направи е времено одземање на лиценцата во врметраење од седум години, истакна претседателката.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшно: Драстичен пораст на бројот на случаи…

Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кочани…

Отворање на Центар за фетална медицина во…

На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…

Затворска казна за анестезиологот од Тетово кој…

Анестезиологот Валтон Дервиши кој на социјалните мрежи…

(Видео) Лекарската комора предлага привремено одземање на…

На денешната прес-конференција на Лекарската комора на…

Гинекологија преполна: На ГАК се повеќе трудници…

Во моментов има 11 позитивни жени, осум…