(Видео) Лицето кое исчезна во петокот е пронајдено денес во безсознание покрај реката Брегалница

t

Исмаил Муратов (35) од Дорфулија кој од петокот вечерта беше исчезнат, попладнево бил пронајден во безсознание покрај реката Брегалница, кај селото Бекирлија, на територијата на Општина Лозово. Тој со хелихоптер веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека спасувачка потрага и мисија се одвивала покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото Бекирлија. Муратов бил пронајден во животнозагрозувачка состојба, а потоа и спасен. Тој на носилки бил пренесен преку реката Брегалница, а потоа качен во хеликоптер и пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запали камп приколка во движење на…

На 10.08.2024 година во 07.33 часот во…

(Видео) Лицето кое исчезна во петокот е…

Исмаил Муратов (35) од Дорфулија кој од…

Ексклузивно: Пандов би рекол „хотел промаја“ –…

По внатрешна контрола во затворот Шутка повторно…

Кина со поддршка за Иран во заштитата…

Кина го поддржува Иран во заштитата на…

Тројца морнари загинаа во несреќа на траект…

Тројца морнари загинаа денеска, а четвртиот е…