Објавено на:

(Видео) Лудило во Катар: Роналдо во солзи, Мароко со нова сензација

t

Фудбалската репрезентација на Мароко направи нова сензација! Африканската селекција пак зеде скалп од Пиринеите, овој пат на Португалија (1-0) и обезбеди историско место меѓу четирите најдобри на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар.

Лавовите од Атласот повторно брилјираа и ја искористија шансата која им се даде за гол на натпреварот. Мароканците еднаш го совладаа Коста и така го оставија Кристијано Роналдо без титула на Светските првенства. Мароко е втората селекција која ќе игра четвртфинале на СП, а не доаѓа од Европа или Јужна Америка. Државата влезе во друштво на САД (1930 година) и Јужна Кореја (2002 година). Ова беше прва елиминација на Португалија во четвртфиналињата, а Мароко стана првата селекција од Африка во оваа фаза.

Единствениот гол на натпреварот во Катар го постигна напаѓачот Јусуф Ел Незири, кој пред финишот на првото полувреме, во 42. минута, изведе небесен скок и со глава ја закова топката во мрежата на португалскиот тим. Португалија потоа се обиде да направи се да се врати во мечот, но не најде решение за голманот Боно кој бранеше врвно. Не помогна ниту црвениот картон кој во 93. минута го доби Чедира, исто така и влегувањето на најдобриот играч Кристијано Роналдо кој двапати пропушти можност да израмни.

Мароканците во полуфиналето на СП 2022 го чекаат ривалот, а тоа ќе биде Англија или Франција. Во втората полуфинална двојка ќе се соочат Аргентина и Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…