(Видео) „Лудница“ во Белград: Синот на Матијас Лесор навиваше против својот татко!
Белград ги слави кошаркарите на Партизан, кои успеаја да го срушат европскиот шампион Панатинаикос во 14. коло од Евролигата, а на овој натпревар беа видени и многу интересни и неверојатни сцени.
Покрај френетичната атмосфера во салата, медиумите успеаја да го забележат и синот на Матијас Лесор, кој навиваше против својот татко и во раката држеше шал со логото и боите на Партизан. Младиот Матсон Лесор очигледно не ги заборавил навивачите на „црно-белите“ и заедно со неговата мајка постојано навиваа за белградскиот гигант, а тоа беше неколку пати забележано од камерите и од присутните во салата.
Можеби неговиот татко ги промени клупските бои, но синот останал верен навивач на Партизан, нешто што наиде на огромно одушевување од „гробарите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…
Брутален руски напад на Киев – најмалку…
Најмалку 15 лица се убиени, а 114…
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…