(Видео) ЛУКАШЕНКО ГО КАРА ПУТИН ДОДЕКА ТОЈ ТРОПКА СО НОГАТА: Ќе ти избегаат 50.000 Руси, ама нека, тие не се наши луѓе
Да речеме дека бегаат 30.000 или 50.000 луѓе. Да останат, дали ќе бидат наши луѓе? Нека бегаат. Не знам што мислите за тоа, но не бев премногу загрижен во 2020 година кога луѓето си заминаа, го теши белорускиот лидер својот колега со кој се сретнаа во Сочи.
Рускиот претседател Владимир Путин тропка со ногата додека неговиот белоруски колега Александар Лукашенко му вели да не се грижи оти ќе му побегнат 30 до 50 илјади Руси преку границата на видео кое беше објавено на веб-страницата на Кремљ. Според Лукашенко словенските народи никогаш не треба да трпат понижување.
– Нашата насока е правилна, нашата мисија е исправна. Ние ќе победиме. Немаме друг избор. Ние како Словени не би толерирале понижување – му вели Лукашенко на Путин.
Putin's now getting lectured by Lukashenko what to do when tens of thousands of your people are fleeing the country:
"Let them run … I never worried about it. They're asking to come back … You just have to decide what to do with them" pic.twitter.com/2jAqq0P5jD— Alec Luhn (@ASLuhn) September 26, 2022
– Да речеме дека бегаат 30.000 или 50.000 луѓе. Да останат, дали ќе бидат наши луѓе? Нека бегаат. Не знам што мислите за тоа, но не бев премногу загрижен во 2020 година кога луѓето си заминаа – го теши белорускиот лидер својот колега со кој се сретнаа во Сочи.
Сепак, ситуацијата на терен е драстично поинаква. Стотици илјади Руси бегаат од земјата стравувајќи дека Путин би можел да ги затвори границите. Видеа од реките возила на премините со Грузија, Монголија и други земји ги освоија социјалните мрежи. Сообраќајниот метеж може да се види од вселената.
Протестите во над 40 руски градови досега резултираа со околу 2.000 апсења.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) „Израелски војници силуваат палестински затвореник“,…
Во јавноста е објавено видео од надзорна…
Автомобил излета од пат кај Лабуништа, повредени…
На 11.08.2024 околу 15.20 часот во ОВР…
Таравари: На Македонија ѝ требаат сите здравствени…
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше…
Донација за луѓето кои претрпеа штета од…
Соопштение на Левица – Свети Николе Во…
ЛЕВИЦА: ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ НЕ ГЛАСАА ЗА ЗАКОНОТ ЗА…
ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН не гласаа за измените…