(Видео) МАЕСТРО НАЦОСКИ! ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃА ГРМЕШЕ ВО РИМ!

t

Фудбласката селекција на Македонија ги продолжува настапите во квалификациите за Европското првенство во Германија. Нашите избраници во Рим ѝ гостуваа на моќната Италија, а пред стартот на овој натпревар домаќинот ни приреди голема чест.

Имено, маестро Благој Нацоски доби покана од Италијанците да ја пее химната на Македонија. Најафирмираниот македонски оперски пејач, ја прифати понудата, и вечерва пред преполните трибини на „Олимпико“ со многу емоции ја отпеа „Денес над Македонија се раѓа“.

За Нацоски ова беше вторпат како ќе ја пее химната на Македонија на еден фудбалски натпревар. Првиот пат тоа го направи во 2016 година во Скопје. 

По завршувањето на средното образование, Нацоски заминал за Рим, каде својот глас го школувал со светски познатите уметници и педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје. Нацоски моментално живее и работи во Џенова. 

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром удри на плажа во Италија, најмалку…

Најмалку три лица се повредени денеска, од…

Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…

Како што најавуваат градските власти на Венеција,…