(Видео) Маж во Бугарија почина додека чекал ред од 300 метри за да купи зејтин на акција
Маж на 77-годишна возраст починал додека чекал да купи масло за јадење во супермаркет во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од големи гужви, турканици и тепачки во многу продавници ширум оваа земја, поради голем број граѓани кои побрзале да ја искористат промоцијата од 2,99 лева за шише масло.
Редот бил долг околу 400 метри. По долго чекање, човекот починал кога конечно стигнал до палетата со масло за јадење, јавија бугарските медиуми.
На местото на настанот пристигнала брза помош која констатирала смрт на мажот.
-Човекот почина во продавницата. Тој беше турнат и му се слоши. Беше лудо. Луѓето велеа дека паднал, помодрел и умрел. Редот беше огромен, раскажала една од купувачите и очевидец на трагичниот настан кога починал 77-годишниот маж за „Нова“.
Редoви за масло за јадење има и во другите бугарски градови, а некои продавници во главниот град веќе вовеле и ограничување на количините на масло за јадење кои се за продажба, бидејќи го складираат во своите магацини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мигранти пронајдени во камион на бензинска…
Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано…
Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…
Негативна е оценката за владата на Христијан…
Виничанец измамен за 5.700 евра!
Му уплатиле пари за автомобил, па прекинал…
Министерството за култура очекува околу 1,5 милиони…
Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во…
Сосед се заканувал со пушка во Виница
На 26.06.2025 во 16.47 В.М. (61) од…