(Видео) Македонец од Украина: Народот не сака да си оди, се плаши дека нема да може да се врати како егејците
Во најновата епизода на „Тешки Муабети“ во која се разговара со двајца Македонци од Украина. На почеток се контактираше со Игор од Велес, кој во моментов се наоѓа во украинско село во близина на Киев.
Запрашан од водителот Јанко Илкоски како се информира дур е таму, дали има државни медиуми, Игор вели дека функционираат со „чет“ групи. – „Се инфорираме на вибер, телевизија нема од вторникот, ја бутнаа телевизиската кула во Киев“.
Игор е еден ден пред поаѓање за да се евакуира, но вели дека не знане дали ќе тргне. На што водителот Илковски го праша кои се другите опции и планови – „Ако не тргнам ќе останеме овде и ќе се откажам од разно-разни ветувања. Спијат шоферите, изморени се. Тие носат хуманитарна помош за Киев, па оттука зимаат луѓе“
Водителот Милошески го запраша Игор за тоа што мисли, што доведе до оваа ситуација. -„Ги гледаме случувањата, знаеме што се случуваше од 2014та до денес. Што го натера Путин да го направи овој потег“ На што Игор вели дека украинскиот народ на село сеуште не верува дека Русија ги нападнала. Народот тука не сака да напушти, затоа што се разговара дека источно од Дњепр ќе има „Нова Русија“ и никогаш нема да можат да се вратат, нешто слично како бегалците од егејска Македонија, но таму беа избркани.“ „Јас сум многу разочарн од македонскиот народ што ги брани на интернет“ – Додаде Игор мислејќи на русите,
Видеото може да го глеадте ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…