(Видео) Македонија мора да ги активира Чебрен и Галиште: Цената на електричната енергија во различно време од денот е различна

t

Во денешната епизода на Тешки муабети гостин во Инфомакс беше Зоран Ивановски, Македонец во САД кој е експерт за енергетика. Ивановски предлага решение за зголемување на производството на електрична енергија.

“Јас му предлагав и на поранешниот премиер Заев во 2016 година да се најде алтернатива на РЕК Битола, знаејќи дека како најголеми загадувачи ќе има притисок од Европа да се затворат. Во Македонија има недостаток на електрична енергија и чаре е да се обноват и отворат Чебрен и Галиште.

Хидроцентралите ги има, изградени се уште во време на Југославија и се застарени ама може да се модернизираат. Тие се дар од Господ.

И среќа е што се реверзибилни, може ноќе да се произведува струја, а да се продава и употребува во 17 часот кога е најскапа. Цените на берзата се различни за дење и ноќе, секако зависно од количините. Како држава мораме да седнеме да разговараме за отварање на овие хидроцентрали за да се надополни загубата на енергија.” – објасни Ивановски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=991405125108300&notif_id=1647806372746287&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката фирма се уште не објаснила зошто…

Грчката фирма „Архиродон“ до денеска се уште…

„Чебрен“ ќе ја чека новата Влада: Нема…

Деценискиот проект „Чебрен“ ќе ја чека новата…

Мицкоски ги брани Грците за „Чебрен“: требало…

Мицкоски во интервју за порталот „Прес 24“…

Грците нема да влезат во Чебрен: Истече…

Истече рокот 31 декември до кога грчката…

Здружение на инженери: Истечен е рокот за…

Инженерите на Република Македонија се со став…