(Видео) Македонски возачи 11 дена се заробени во Украина без храна: МНР вели Украина има поважни работи од нашите камиони

t

Во Тешки муабети вечерва имаше специјален гостин чии камиони со нивните возачи се заглавени на украинско- полската граница и не можат да се вратат дома веќе 11 дена.

Македонски бизнисмен, сопственик на камиони што превезувале роба во Русија. Неговите камиони моментално со шоферите и робата се заглавени на украинско-полската граница и не можат да се вратат назад.

“Имам два камиони со јаболка товарени, тоа е македонска роба. Кога влегоа во Украина се случи војна. Ние ги вративме камионите од руската граница назад, тоа е македонска роба, тереба да се вратат назад. На излезот од границара Украинците ни ги стопираа камионите и не ги пуштаат.

МНР е запознаено, се јавивме и во транспорт и врски, конзулатот, на конзулот во Полска и никаков успех немам. 11 ден камимоните стојат на граница, немаат јадење шоферите.

Ги земале од шоферите пасошите, фактурите, се земале, тие се фактички заложници. Сето тоа наводно дека пишува дека робата е кон Русија. Шоферите им кажале на царинарниците дека робара се враќа иако била за Русија. Фамилиите на шоферите секој ден ми идат дома, плачат, не знам што да направам.

Шоферот се јави во украинската амбасада во Македонија, тој му рекол на шоферот тука луѓе гинат не можам да се расправам со камиони. Шоферите се без пасош, и да ги остават камионите не може да заминат. Се наоѓаат во Јагодина во Украина, со Полска границата.

Исплашени се луѓето, не знаат што да направат. Војна има таму, како да не се уплашени. Сите викаат ќе видиме ќе помогнеме, а на крај 11 дена ни леб ни вода имаат шоферите, никој не помогна. ” – загрижено раскажа Нафи.

Бујар Османи имаше изјава каде ги спомна шоферите и кажа дека се обидуваат да ги ослободат да поминат без камионите, ама рече мора да ја разбереме украинската страна, тие имаат поважна работа од нашите камиони. Тој може да ја разбере украинската страна ама ние не можеме да го разбереме дали не му се поважни нашите луѓе. – надополни Митовски.

Ние бараме шоферите да ги ослободат да влезат во Полска. – вели сопственикот на камионите.

Следете не во живо на следниот линк:https://fb.watch/bAQ6kHMRR2/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ