(Видео) Македонско семејство со малолетни деца е заглавено во Киев – Молат за помош од надлежните

t

Македонско семејство од Киев е заглавено во нивниот тамошен дом и молат за помош од МНР.

Скопјанецот Сашко Андонов, заедно со неговата сопруга и нивните две малолетни ќерки се заглавени во Киев откако не успеале да ја напуштат Украина пред нашите дипломати таму.

Семејството претходно контактирало со македонската мабасада во Киев и од таму им било ветено дека ќе бидат евакуирани но евакуацијата се уште не се случила.

Семејството Андонови моли за помош од страна на македонските власти, а велат дека се особено разочарани откако македонските дипломати ја напуштиле Украина и оставиле наши државјани позади себе.

Андонов вели дека знае уште едно македонско семејствоз аглавено во Киев кое исто така нема начин да се врати во Македонија. Според Андонов најдобар начин да се евакуираат македонските граѓани таму е со автобуси бидејќи претпоставува дека ниедна војска нема да пука во превозно средство за цивили.

Линк до веста и видеата: https://www.expres.mk/video-makedonsko-semejstvo-vo-kiev-apelira-do-osmani-i-mnr-za-evakuacija/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…

Еден од повредените во страшниот пожар што…

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…