(Видео) Македонците од дијаспората во транс: Теа Таировиќ го бакнува знамето со Сонцето од Кутлеш, ги пееше Лихнида кајче веслаше“, и „Македонско девојче“
На социјалните мрежи вчера беше објавено интересно видео. Пејачката Теа Таировиќ вчера настапи во Њу Џерси, каде најголем дел од публиката била Македонци.
На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како Теа во еден момент го зема знамето со Сонцето од Кутлеш, го бакнува и потоа го префрла на својот грб.
Таировиќ во чест на многубројните гости од Македонија запеала и неколку македонски песни. Публиката се гледа дека е во транс кога таа ја запеа „Лихнида кајче веслаше“, но и „Македонско девојче“.