(Видео) Македонците од Украина кои беа дел од Тешки муабети се спасени и на пат кон дома!

t

На почетокот на Тешки муабети во денешната емисија, Милош Милошевски соопшти добра вест за македонската јавност. Македонските државјани во Украина кои беа дел од нашите емисии претходно, станува збор за Сашо Андоновски, Игор Ангелов и Нафи чии камиони и возачи беа заглавени на границата на Украина со Полска.

“Успеавме со нашите емисии да ги спасиме најпрво камионите на Нафи, а потоа и да се извлече Игор со неговото семејство од Украина, тој е безбеден сега пред неколку часови беше на романската граница каде го пречека македонскиот амбасадор во Украина, Крум Ефремов. Ете после сите критики една пофалба за нив.

Сашо успеа да се спаси уште недела дена претходно на многу теок начин со воз во кој имало ужасни услови.” – соопшти Милош.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=278217804494610&notif_id=1647201692660744&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ