Објавено на:

(Видео) Макрон му се јави на Трамп: Чекам на улица, сè е блокирано поради тебе

t

Францускиот претседател Емануел Макрон накратко заглави во сообраќај во Њујорк откако полицијата ги затвори улиците заради безбедносниот кордон на американскиот претседател Доналд Трамп.

Макрон, кој престојува во Њујорк за 80. заседание на Генералното собрание на ОН, бил на пат кон француската амбасада кога возилото во кое се возел било запрено. Според „La Depeche“, францускиот лидер дури пришол до полицаец за да праша за блокадите.

На видеото се гледа како Макрон во шега му се јавува на Трамп и му вели: „Како си? Погоди што? Чекам на улица бидејќи сè е затворено поради тебе.“

Потоа, Макрон продолжил пеш околу 30 минути низ улиците на Њујорк додека разговарал со Трамп. Во меѓувреме, се фотографирал со минувачи, а една личност дури го бакнала во челото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Макрон му се јави на Трамп:…

Францускиот претседател Емануел Макрон накратко заглави во…

Здружението на судии: Нема да ја коментираме…

Здружението на судии на Република Северна Македонија…

Орбан: Европската Унија е на работ на…

ЕУ е на работ на колапс поради…

Две лица се степале на паркингот на…

На 22.09.2025 во 11:50 часот во СВР…

Просечната нето-плата во јули изнесувала 45 276…

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…