Објавено на:

(Видео) „Малиот генијалец“ не може на раат ниту на вечера да отиде во родната земја

t

Откако го освои СП во Катар, Лионел Меси влезе во клубот на „бесмртните“, заедно со легендарниот Диего Армандо Марадона и аргентинските медиуми пишуваат дека „нормалниот живот“ во Аргентина за него е завршен.

Името на Лионел Меси со златни букви ќе биде испишано засекогаш во историјата на Аргентина. „Малиот генијалец“ зимава успеа да се закити со светската титула и оттогаш ужива статус на Бог во својата земја.

Тоа се потврди уште еднаш вчера, откако беше виден во Буенос Аирес на вечера во ресторан со својата фамилија каде веднаш се собраа стотици фанови кои се понадеваа дека ќе успеат да стигнат до автограм или фотографија со Меси, но тоа беше невозможно.

Поради гужвата што се створи пред ресторанот, Меси буквално не можеше да замине и мораше да интервенира обезбедувањето кое му направи коридор по кој успеа да се извлече од насобраната толпа која сакаше да го види својот миленик.

Откако го освои СП во Катар, Лионел Меси влезе во клубот на „бесмртните“, заедно со легендарниот Диего Армандо Марадона и аргентинските медиуми пишуваат дека „нормалниот живот“ во Аргентина за него е завршен. Тие потсетија дека Марадона исто така не можел да излезе од дома, затоа што насекаде го следеле фанови и новинари. Меси едвај успеа да се пробие до својот автомобил и да замине од ресторанот, додека луѓето се обидуваа на секаков начин да стигнат до него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…