(Видео) Мамдани рече дека Трамп е фашист за време на посетата во Белата куќа
Прва средба меѓу новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, и претседателот на САД, Доналд Трамп.
По изборите во најголемиот град во Америка, тензиите се смирија. Претставници на екстремитетите на американската политика конечно ја посетија Белата куќа.
Средбата беше „продуктивна“, рече Зохран Мамдани, кој ја потресе американската сцена со својата победа на изборите за градоначалник на Њујорк и ги постави темелите за посериозни предизвици од демократите кон политиките на претседателот Доналд Трамп, додека ја напушташе Белата куќа.
„Му сум благодарен на претседателот за средбата и како што реков, ова беше продуктивна средба фокусирана на место што двајцата го сакаме – Њујорк. Разговаравме за кирија, намирници, трошоци за комунални услуги. Нетрпелив сум да им ги понудам тие попристапни цени на жителите на Њујорк“, рече Мамдани.
Трамп, кој за време на кампањата го нарече комунист и ги исплаши њујорчани со социјализам и секакви други привиди, драматично ја промени својата реторика по објавувањето на резултатите од изборите, наведувајќи дека, по разговорот со Мамдами, „малку се предомислил“.
„Ви кажувам, малку се предомислив. Можеби ќе изненади некои конзервативци“, рече Трамп, наведувајќи дека е „прилично уверен дека Мамдами ќе биде успешен“.
Мамдами рече дека за време на состанокот се фокусирале на работи за кои би можеле да се согласат, наместо да дискутираат за „многу различни ставови“.
Новиот градоначалник на Њујорк се најде во незгодна ситуација кога новинарите го прашаа дали мисли дека Трамп е фашист, но американскиот претседател рече „Слободно кажете што мислите. Полесно е отколку да објаснувате. Не ми е гајле“, по што Мамдани рече „да“.
Мамдани ќе контролира буџет од 116 милијарди долари, ќе управува со служби со околу 300.000 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мамдани рече дека Трамп е фашист…
Прва средба меѓу новиот градоначалник на Њујорк,…
Венецуела распореди тешко оружје и проектили поради…
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека неговата…
Мерц, Макрон и Стармер разговараа со Зеленски…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел…
Европските лидери на итен телефонски разговор со…
Се очекува европските лидери да одржат итни…
Орбан: Следните две или три недели ќе…
Следните две или три недели ќе бидат…