(Видео) МАСКИРАНИ ЛИЦА МАЛТРЕТИРАЛЕ ВЕРНИЦИ; Пукање во црква во Украина, повредни владиката и свештеници, храмот бил одземен

t

Насилен конфликт избувна меѓу членови на ривалските православни цркви во катедралата Свети Михаил во Черкаси, град во централна Украина. Споменатата катедрала е предадена на Православната црква на Украина, односно е одлучено таа повеќе да не ѝ припаѓа на Украинската православна црква на Московската патријаршија.

Вчера во катедралата, која е прогласена за гарнизонска црква на украинските вооружени сили, се одржувала литургија кога упаднале околу 100 маскирани лица. Припадниците на Украинската православна црква на Московската патријаршија ја скршиле влезната врата и фрлиле солзавец врз толпата верници на Православната црква на Украина.

Тензиите околу катедралата Свети Михаил ги следат пошироките напори на Украина да го ограничи влијанието на Украинската православна црква на Московската патријаршија, која историски е поврзана со Руската православна црква. И покрај прогласувањето независност од Москва во 2022 година, украинските власти сè уште гледаат на Украинската православна црква на Московската патријаршија со сомнеж за нејзиниот наводен проруски став.

„Тука треба да се слушаат молитви за нашите војници“, нагласи отец Назариј, додавајќи дека членовите на Украинската православна црква на Московската патријаршија се држеле настрана од украинските војници, гледајќи ги како непријатели.

Во судирите се повредени неколку лица, а лекарите им пружиле помош, изјави Зоја Вовк, портпаролка на Националната полиција во регионот Черкаси. Очевидци раскажаа како свештениците и верниците на Украинската православна црква на Московската патријаршија се забарикадирале во катедралата и им забранувале на другите да влезат. Сепак, катедралата во текот на денот била вратена под контрола на Православната црква на Украина.

Вовк потврди дека е покрената истрага за хулиганство, јавува Радио Слободна Европа. Високиот воен свештеник од регионот Черкаси, отец Назариј, рече дека локалните верници дошле во црквата, но подоцна биле исфрлени од, како што рече, „руски активисти“ лојални на Московската патријаршија.

https://x.com/leonidragozin/status/1846815641111585270?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1846815641111585270%7Ctwgr%5Ed6e4faa461f39f3583224cb575a8ae14ff4a5139%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fmaskirani-lica-maltretirale-vernici-puka-e-vo-crkva-vo-ukraina-povredni-vladikata-i-sveshtenici-hramot-bil-odzemen%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Израел се пресмета со Синвар, но…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по…

(Видео) МАСКИРАНИ ЛИЦА МАЛТРЕТИРАЛЕ ВЕРНИЦИ; Пукање во…

Насилен конфликт избувна меѓу членови на ривалските…

Залужни: Украина ќе мобилизира и жени ако…

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на…

Уставни измени со одложено дејство како решение…

Уставни измени со одложено дејство се добра…

МАНУ: Секаде во светот постои само една…

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш…