Објавено на:

[ВИДЕО] Маск и Трамп го „фалеа“ Тексас, зборуваа против мигрантите и тампоните во тоалетите за момчиња

t

Најавуваното интервју на милијардерот Илон Маск со републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп на социјалната мрежа „Х“ (во сопственост на Маск), по задоцнување од 42 минути започна во 02:42 часот според средно европско време.

Бившиот претседател на САД раскажуваше како обидот за атентат „не беше пријатен“, беше тоа тежок удар, изгледаше многу нереално но беше реалност. „Знаете му кажував некому, има такви моменти кога чувствувате дека тоа е нереална ситуација и никогаш порано не сум се чувствувал така, веднаш знаев дека станува збор за куршум“ зборуваше Трамп за моментот кога беше застрелан во уво.

Маск порача дека ќе ја поддржи претседателската кандидатура на Трамп бидејќи му се допаднало однесувањето на Трамп при обидот за атентат врз него, односно моментот кога Трамп ја кренат раката во воздух и започнал да скандира „борба, борба“, па така Маск овој потег на Трамп го нарече „неверојатно инспиративен“.

Трамп ја обвини Камала дека му ја украла идејата
Трамп спомена дека неговото прво прашање откако се случи обидот за атентат врз него било: „Колку луѓе се убиени?“ а тврдеше дека слушнал и други истрели а знаел дека во публиката биде илјадници луѓе.

Трамп ја нападна неговата противкандидатка Камала Харис откако таа најави дека ќе го укине данокот на „бакшиш“. „Наеднаш Харис вели дека нема да има данок на „бакшиш“, а јас веќе го ветив тоа пред неколку месеци“, кажа Трамп.

На собирот во Лас Вегас минатиот викенд, Харис вети дека ќе ги унапреди политиките во корист на „работничките“ семејства, споменувајќи го укинувањето на данокот на „бакшиш“, а Трамп којшто вели дека прв ја предложил таа идеја на собирот во Лас Вегас во јуни ја обвини Харис дека го копира.

Маск се понуди да преземе улога во администрацијата на Трамп
Бившиот претседател и милијардерот опширно разговараа за мигрантите. Маск кажа дека САД треба да ја ограничи илегалната миграција, и го прераскажа своето патување до јужната граница на САД велејќи дека луѓето кои ги видел таму „не изгледале пријателски настроени“.

Трамп ги повтори своите познати тврдења дека другите земји испраќаат криминалци и ментално болни лица во САД. Исто така ја обвини Камала Харис за проблемите на границата, изјавувајќи дека Џо Бајден токму нејзе ја задолжил за надзор врз границите и вети дека ќе ја спроведе „најголемата депортација во историјата на САД“

Маск се понуди да преземе улога во администрацијата на Трамп помагајќи му во контролирањето на државните трошоци. „Мислам дека би било идеално, да имаме владина комисија за ефикасност, којашто ќе ги набљудува тие работи и ќе осигури тешко заработените пари на даночните обврзници да се трошат на вистински начин, би сакал да помогнам во тоа“, истакна Маск.

Трамп му одговори дека би му било мило Маск да се вклучи во неговата администрација, истакнувајќи дека Маск е одличен „секач“ мислејќи на мерките за намалување на трошоците коишто Маск ги спроведе во своите компании.

Трамп го обвини Бајден за високата инфлација
Трамп кажа дека инфлацијата заедно со ситуацијата на границата се она околу што граѓаните на САД најмногу се грижат. „Луѓето сакаат да слушнат за економијата и фактот дека не можат да ги купат сите намирници, инфлацијата ги уби“ кажа Трамп, и го обвини Бајден за инфлациската криза која влијае врз многу Американци.

Инфлацијата во САД во 2022 година се искачи на 9.1% што е највисока годишна стапка во последните 40 години. „Мислам дека имаме највисока инфлација во последните 100 години, а тие велат најлоша инфлација во последните 48 години, не им верувам“ изјави Трамп.

Бившиот претседател ја критикуваше сојузната држава Калифорнија а го пофали Тексас во однос на бизнис успесите, споменувајќи ја енергетската компанија „Chevron“ којашто го премести своето седиште од Калифорнија во Хјустон. „Видов дека и ти ја напушти Калифорнија и се пресели во Тексас. Тексас работи прекрасно“ му кажа Трамп на Маск, којшто минатиот месец најави дека неговите две нови компании „SpaceX“ и „Х“ (порано познат како „Твитер“) ќе ги пресели во Тексас.

Маск ги бранеше индустриите за нафта и плин
Трамп го повтори тврдењето дека ќе го затвори министерството за образование доколку повторно биде избран за претседател. Вети дека образованието ќе „им го врати“ на сојузните држави, велејќи дека барем 35 сојузни држави одлично ќе управуваат со образованието.

Маск во текот на интервјуто го изнесе својот став околу нафтата и плинот, тврдејќи дека значителното зголемување на јаглеродниот диоксид може да го отежне дишењето но дека уште децении понатаму не е неопходно да се намалува испуштањето на стакленичките гасови. „Ситуацијата не куќата да е во пламен“, кажа Маск.

Истовремено Маск го бранеше својот бизнис со електричните возила, којшто беше на удар на Трамп во текот на неговата кампања. Трамп повеќе пати во текот на интервјуто изјави дека „нуклеарното загревање“ претставува поголема закана од „глобалното загревање“ и појасни дека нуклеарната енергија е „најголема закана“.

Камала ја нарекоа радикална левичарка
Маск не се согласи со Трамп бранејќи го нуклеарното производство на електричната енергија, тврдејќи дека нејзината безбедност е погрешно сфатена од јавноста. „Не е така страшно како што мислат луѓето“, објасни Маск.

„Во право сте, можеби ќе мора да го смени своето име. Ќе ја именуваме по тебе (мислејќи на Маск) или нешто слично, има проблеми со брендирањето“ кажа Трамп за нуклеарното производство на енергија.

Бившиот претседател кажа дека нема „смисла“ фактот што САД нема брзи возови, „Ние немаме ништо слично во оваа земја“ изјави Трамп.

Маск, Камала Харис ја опиша како „исклучително лева политичарка“ додека пак Трамп ја нарече „радикално лева лудачка“. „Ја прекројуваат историјата и прават Камала да звучи умерено, додека таа всушност е иклучително лева политичарка“, додаде Маск. Трамп го прекина, нарекувајќи ја Харис „полоша од Берни Сандерс“, независниот сенатор од Вермонт.

„Таа се смета за далеку полиберална од Берни Сандерс, таа е радикално лева лудачка, и ако таа биде претседателка, за многу кратко време ќе немаме држава“, кажа Трамп.

Трамп потоа се сврте кон Волц
Трамп по коментирањето за Харис, се сврте кон Тим Волц нејзиниот потпретседателски кандидат. Трамп потсети дека Волц додека бил гувернер на Минесота потпишал закон за прогресивни политики во државата, коишто предвидувале бесплатно давање на менструални производи во училиштата.

„Па нејзиниот потпретседател го одобри, го потпиша законот кој предвидува поставување тампони во тоалетите за момчиња“ кажа Трамп.

„Да, тоа е чудно“, одговори Маск.

„А тоа значи дека и таа верува во тоа“, додаде Трамп.

„Да тоа не е во ред“, одговори Маск.

Трамп исто така кажа дека „многумина мислеле оти Харис ќе одбере некој друг за потпретседателски кандидат но таа одбра антиизраелски кандидат и радикален левичар“.

Трамп го нарече Маск „неверојатен лик“
Разговорот на Трамп и Маск траеше повеќе од два часа. Трамп го пофали Маск поради бројот на корисници коишто во живо го следеа нивниот разговор, велејќи: „Се надевам дека нема да станеш понервозен бидејќи сега има многу луѓе кои те слушаат“.

„Ти честитам“, Трамп му порача на Маск, пред да го праша во: „Дали ќе бидам платен за ова вечерва или не? При крајот на разговорот Трамп Маск го нарече „неверојатен лик“ и „голема инспирација“, додавајќи дека во иднина треба да имаат уште еден ваков разговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

[ВИДЕО] Маск и Трамп го „фалеа“ Тексас,…

Најавуваното интервју на милијардерот Илон Маск со…

Силен земјотрес ја погоди Хрватска

Сеизмолошкиот институт на Хрватска соопшти дека утринава…

Се судрија автобус на ЈСП и дрвокрадци…

Дрвокрадски се судриле со автобус на ЈСП.…

Уапсен уште еден пироман во прилепско, запалил…

Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле…

(Фото) Спасен убавиот пелагониски манастир: Ова се…

Во справувањето со пожарите во Општина Новаци,…