(Видео) Местото на политиката е надвор од институциите кои треба да работат за сите граѓани, не за поединци
Сакам во градот да се направи систем кој досега го немало. Легитимно е правото на протест на секој којшто смета дека има нешто да каже пред јавноста, но легитимно е и нашето право да се обидеме да направиме нешто што е подобро за сите граѓани, а не само за неколкумина на кои им е нарушен комодитетот, истакна во интервју за Радио Слободна Европа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Според неа местото на политиката не е во институциите кои треба да работат за доброто на граѓаните.
– Како што видовте политиката вмеша сериозно прсти во сите овие случувања, политиката треба да си има свое место, тоа место не е тука во сите јавни дејности кои треба институциите да ги обавуваат во корист на граѓаните, посочи градоначалничката.
Арсовска уште еднаш повтори дека не се нарушени односите со ВМРО-ДПМНЕ како партија, туку со поединци, односно со раководството.
– Односите во ВМРО-ДПМНЕ не ни се влошени, јас имам пријатели од сите политички опции, но тука се работи за личности, не за опции. Таму има проблем со они кои водат и сметаат дека некој нешто им должи затоа што го поддржале на избори. Јас кажав, доколку така се сметало, тоа требало да се каже на почеток, јас поддршката ја добив неусловена од ништо и таква ја очекував да биде, објасни Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…