(Видео) Мечка со две мали мечиња снимени покрај патот Маврово-Дебар
Снимка од мечка со две мали мечиња, кои се движат покрај патот Маврово-Дебар, објавена вечерва, наиде на симпатии кај граѓаните на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како мајката и мечињата како се движат по рабникот од патот, пред мајката да исчезне во шумата, следена од двете малечки.
Во рано лето, мечките често се доближуваат до луѓето во потрага по храна, а еден од факторите за ваквото однесување е и привлечноста на лесно достапниот човечки отпад, велат експертите. И покрај природното воодушевување од дивите животни, тие апелираат во вакви ситуации да не се запира за да се снимаат и да се држи безбедно растојание бидејќи мајките-мечки можат да бидат исклучително агресивни ако почувствуваат дека мечињата се загрозени.
Неделава, Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во јаболка и пченка за прихрана на мечките, за да се спречи тие да доаѓаат во близок контакт со луѓето од селата во високите предели на планината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мечка со две мали мечиња снимени…
Снимка од мечка со две мали мечиња,…
Мицкоски: Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи…
„Анима Мунди“: Заменик-директорот на „Македонија пат“ се…
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“,…
Мечка ги изненади жителите на село Петралица…
Жителите на село Петралица, Ранковце, денеска забележаа…
ЦУК: Ослободена мечка од стапица во близина…
По повик на главниот инспектор за ловство…