(Видео) Миленковски: Се прашувам на кого му одговара Вардар да биде уништен?!
Вардар беше фрлен во провалија, не постоеше можност за враќање во прва лига во 2021 година, играчи го тужеа вардар во УЕФА, кога странци го тужат клубот од УЕФА има посебни барања до клубот, не му дозволува да извади лиценца за европско натпреварување додека не ги подмири долговите. Таа забрана спречи купување и продавање на играчи, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” претставникот на навивачката група Комити, Милорад Миленковски.
-Нема никаква логика тој што вложува пари во клубот, дури и никаква школа да немаш, нема да направиш грешки како што се случуваат сега. Многу малку грешки сега се случајни. Јас се прашувам кој има корист од ваквата состојба на Вардар, вели Миленковски.
Сопствениците на Вардар од 2,4 направиле 5 милиони евра долг, открива уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, кој кажа дека Градот Скопје одговори на прашањата на Инфомакс и оттаму додаваат дека средба меѓу градоначалничката Арсовска и Комити ќе има.
– Благодарност до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, мене ми е драго што ни одговори и што ќе се видиме бидејќи тоа е неизбежна средба. Градот Скопје е основач на ФК Вардар. Убаво е што ќе се видиме затоа што имаме многу теми, вели Миленковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем помор на риба во Вардар кај…
Голем помор на риба и останатиот жив…
Човечко тело извлечено од вода на вливот…
ЦУК: Човечко тело е извлечено од надојдената…
(Фото) Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Нов гест…
Фудбалерите на Вардар в недела ги очекува…
Во Вардар во Велес најдено тело на…
Во реката Вардар во близина на место…
Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…
Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…