(Видео) Миленко доби црвен картон затоа што ме тераше да одам на средба со Мицкоски

t

Миленко Неделковски бараше да се сретнам со Мицкоски, затоа после два жилти картони, доби еден црвен и тој е вечен, вели во денешната вонредна епизода на Тешки муабети, Мирка Велиновска.

– Јас на Миленко и на Бобан, со кои многу добро се разбиравме, немаше големи разлики меѓу нас освен што беа запалени вмровци, а јас не сум била никогаш запалена ни вмровка ни сдсмовка, у политичари не се заљубивам, ги набљудувам дали се корисни за Македонија или не.

Околу тие политички кругови секогаш зуеле пријатели кои ја ровареле Македонија, јас сите сум ги шкртала до еден, моја вина е што порано не сум ги шкртнала, добро се преправале. Теи за сите играат, профит им е важен, статус им е важен, тоа се деси и со нив двајца, добиле задачи, а ги убедував дека за тоа ги викаат на кафе и ручек, на кубански цигари, на пијачки.

Ти кога ќе почнеш да прифаќаш, првиот пат кога политичар, амбасадор ќе те викен за џабе на кафе, на ручек, на вечера никкао да не прифатиш или со тебе да има сведок и ќе поставиш правила на игра. Ако си во кафана нема да дозволиш да ти купат, кафе, а не вечер,а да поставиш правила на игра, да не те купат, не да си умислуваш, тоа се вика поткуп.

Мојата кавга не беше кавга, јас само реков два жилти картони им дадов, ова е црвен, толку веќе. Они доаѓале да пијат кафе со мене затоа што Мицкоски барал да стапи во контакт со мене, јас сите контакти околу ги шиканирам, никој за мене нема да пишува дека сум се продала, а не сум се карала, вели Велиновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ