(Видео) Министерот Алиу се пофали дека си го вработил зетот, во администрација не мора да се работи толку
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на поткаст јавно се пофали дека неговиот зет му станал советник и дека тоа е негово прво работно место.
Новинарот Фуркан Салиу објави дел од подкастот и на Фејсбук напиша:
-Со сета почит кон тимот на Министерот Азир Алиу, млади луѓе, рано е да ја оцениме нивната работа.
Вакво јавно посрамотување не смее да се случува!
Поткаст каде што Министерот Алиу со голема леснотија јавно признава дека како шеф на кабинетот си го вработил зетот, а за него тоа е прво работно место во јавниот сектор…
Зетот вели: Во приватниот сектор се бара повеќе работа и посветеност…
Значи зетот се вработил во јавна администрација затоа што помалку се работи?
Нејсе, на крај се погрижија да не уверат дека многу работат со прашања од типот: Министре, како успевате стигнете сегде затоа што имате многу активности?
Дигитализацијата и ПР-от одат многу добро заедно, но без оној најбитниот елемент, значи работа некои аудиовизуелни продукти изгледаат вака.
Jас па мислев дека Министерот ние само хакер, он бил и шоумен. Или чекај, па ние не го плаќаме со наши пари за да произведува поткасти. А за што го плаќаме? – прашува Салиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Курти ги повика сите етнички заедници…
Косовскиот премиер Албин Курти ги повика сите…
Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот…
Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници…
Алити во Брисел истакнал дека деполитизирана и…
Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки…
МИОА: Новиот закон ќе ја деполитизира администрацијата
Законот за висока раководна служба е сосема…
Негриески удри по Владата: Потрошија 820 милиони…
Барањата се едноставни, да се израмнат платите…